Лесно е жените да лудуваат по него кога е популарен – само една го сакала кога му било најтешко


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор, славниот и денес веројатно најизвикан ММА борец, е скришна или отворена страст на многу жени, а освен мускулите и имиџот на лошо момче, одушевени се од неговиот моден стил, карактер и посветеноста на семејството.

По неодамнешниот бокс натпревар меѓу Конор и Флојд Мејведер, Мекгрегор го привлече вниманието на многу жени кои останале цела ноќ будни за да го следат мечот од минута во минута.

Иако не победи, Мекгрегор секако стекна популарност кај жените, пред се поради имиџот на лошо момче, со излиени мускули и секси тетоважи.

Конор е вистински фан на скапи автомобили и има возен парк кој се состои од Бентли, Ламборџини и Ролс Ројс, а еднакво ужива и во добрата мода.

Во неговиот гардеробер можат да се најдат луксузни дизајнерски парчиња, а пред се станува збор за елегантни костуми изработени од фина италијанска свила. Тој дури издал и книга за облека со неговиот лик, а најавил и брендирање на виски.

Сепак, тоа е само негов имиџ на опасно момче, бидејќи Конор е вистински семеен човек. Пред да го оствари успехот во светот на боксот, тој работел како водоинсталатер и се забавувал со Ди Девлин.

Со Ди е девет години во љубовна врска, а неодамна доби и син на кого му го дал неговото име. Во најтешките моменти оваа жена му била вистинска поддршка, а нивната приказна многумина ја нарекуваат „модерна бајка“.