Екстра

Леонардо да Винчи ја насликал и гола Мона Лиза?


Експеритите по уметност пронашле трагови кои сугерираат дека 500 години старите гласини дека Да Винчи ја насликал и гола Мона Лиза всушност вистинити.

Цртежот кој ја прикажува гола Мона Лиза и кој веќе 150 години се наоѓа во музеј во близина на Париз, веројатно е дело на славниот уметник, а не на некој од неговите ученици, како што се мислеше порано.

„Конде“ музејот го испрати портретот познат како „Гола Џоконда“ на тестирање во Лувр па се покажа дека е постар од тоа што се мислеше и дека потекнува од времето кога Да Винчи бил жив. Истражувачите веруваат дека цртежот бил негова припрема за сликање на акт на Мона Лиза.

Според изворите од тоа време, Да Винчи ја насликал гола Мона Лиза, но сликата исчезнала две години после неговата смрт во 1519 година.
„Можно е ова да бил припемниот цртеж за сликање на актот на Мона Лиза“, изјави кустосот од музејот „Конде“, Матео Делдик.

„Не знаеме ни дали е портретот навистина насликан, но постои голема веројатност. Она што го издаде се поправките. Тоа се мали трагови“, додава Делдик.

Да Винчи бил леворак, а утврдено е дека поедини лини на цртежок ги правел човек со десна рака. Меѓутоа, тие исправки можеби се направени откако бил нацртан цртежот, велат експертите.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top