Лекар од пеколот: Ги дрогирал и сексуално ги злоупотребувал пациентите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доктор Младен Антолиќ беше лекар во Орландо кој доби десетгодишна затворска казна поради оргии со пациентите, користење дрога и разни финансиски прекршоци.

Антолиќ има завршено медицински факултет во Загреб, 1979 година, а во САД заминал поради развој и напредување во кариерата. Тој беше уапсен во октомври, 2010 година, откако американската полиција направи акција за апсење на лекари кои намерно препишувале јаки лекови со кои предизвикувале зависност кај пациентите. Антолиќ таквите лекови најчесто ги препишувал на жени од кои направил зависнички, а потоа сексуално ги злоупотребувал во замена за уште лекови.

23-11-antolic2

Овој лекар од пеколот ги снимал пациентките во неговата ординација на Колонијал Драјв, а потоа ги уценувал да доаѓаат на забави кај него дома каде се консумирало дрога, а бил вклучен и секс. Тој е уапсен во 2010, откако во неговиот стан беа пронајдени еден куп ласцивни фотографии, дрога, 32.000 долари во кеш, пиштол и бројач за пари. Иако му висеше затворска казна од 156 години, ја призна вината и се погоди со судството, па беше осуден на 10 години затвор.

Но, овој лекар и од затвор планирал да продолжи со дилање дрога, за што затворските чувари дознале од преслушувањето на неговите телефонски разговори.