Музика

Лејди Гага на Коачела премиерно ја претстави својата нова песна The Cure (видео)


Американската музичка ѕвезда Лејди Гага, на фестивалот Коачела во Калифорнија, ги изненади своите фанови со новата песна The Cure.

Интересно е тоа што The Cure не се наоѓа на нејзиниот неодамна објавен албум Joanne.

„Луѓе, многу ве сакам. Минав многу нешта низ животот и се нагледав сè и сешто, а вие секој пат ме лекувавте со својата љубов“, им порача Гага на присутните во публиката.

После премиерната сценска изведба, песната беше објавена и на iTunes и веќе е на листата на топ 10 хитови во САД.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!