Легендата на Реал кариерата ја продолжува во Галатасарај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, кариерата ќа ја продолжи во Галатасарај, тврдат шпанските и турските медиуми.

Договорот на Пепе со Реал истекува по завршувањето на сезоната и сигурно е дека тој нема да остае во Мадрид.

За Португалецот интерес покажаа екипи од Кина, но како што во саботата известија турските и шпанските медиуми, тој е блиску до трансфер во Галатасарј.

Спортскиот директор на турскиот великан се наоѓал во Мадрид, каде во нарените денови ќе го реализира трансферот.

Пепе, во Галатасарај, ќе игра за годишна плата од пет милиони евра.