Легендата на Јунајтед тврди: Мурињо може да ја освои Лигата на шампиони!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Манчестер Јунајтед, Денис Ирвин верува дека искуството на Жозе Мурињо во европските натпреварувања ќе одигра клучна улога во борбата на „црвените ѓаволи“ за освојување на Лигата на шампионите.

„Ми се чини дека секој тимовите може да ја освои Лигата на шампиони и тука ги вклучувам Манчестер Јунајтед, бидејќи менаџерот знае како се победува. Го видов ова минатата сезона во Лига Европа“, изјави Ирвин.

„Имаме многу важен месец и целата сезона ќе зависи од следните неколку недели. Мислам дека треба да се признае дека Сити е лидер со голема предност и тие ќе станат шампиони, ако не се случи нешто необично. Затоа јас мислам дека ние само треба да се обидеме да завршиме што е можно повисоко во табелата. Сега сме втори, а тоа е голем напредок во споредба со минатата сезона, кога се чинеше дека засекогаш ќе останеме шести“, рече Ирвин.

Мурињо ја освои Лигата на шампионите со Порто во 2004 година, а шест години подоцна со Интер. Притоа, Португалецот го донесе Јунајтед до титулата во Лига Европа минатата сезона.