Легендарниот Германец удри по Буфон: Треба некој да му каже дека е за во пензија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот Џанлуиџи Буфон е на мета на критики после реакција на слободниот удар на Ериксен во натпреварот против Тотенхем во ЛШ.

Критики на сметкна на Буфон пристигнаа и од Германија. Бишвиот германски репрезентативец Марио Баслер изјави дека Џиџи треба да се пензионира.

„Џиџи беше неверојатен голман. Меѓутоа многумина прават грешка што не одат на време во пензија. Јас престанав да играм на 33 години. Сметам дека луѓето од Јувентус треба да му кажат дека е време за во пензија“, изјави Баслер.

„Веројатно има голема желба да ја освои Лигата на шампиони, но тој повеќе не е врвен голман и Јуве нема да го освои тој трофеј додека е тој на голот“, убеден е поранешниот германски фудбалер.