Славни

Легендарната актерка која се прослави со првата филмска секс сцена (и да, имаше оргазам)


„Непристојно и морално опасно“, „несоодветно, неморално, ласцивно“, „исклучително храбро“. Не, тоа не се рецензии за филмот 50 Shades Darker, туку коментарите кои беа давани за филмот Ecstasy во 1933 година, а кој филмската експертура се согласува дека ја содржи првата филмска сцена со женски оргазам, а која ја прослави легендарната Хеди Ламар.

Критичарите се согласуваат дека Ecstasy е еден од најпрогресивните филмови на сите времиња, а споменатата сцена се смета за посебно важна. Филмот, инаку, е од чешко играно филмско дело од 1933 година (кога американските филмски работници уште не беа спремни за такви сцени) во кој се појавува легендарната актерка и иноваторка Хеди Ламар, во една од нејзините први и најзначајни улоги. Повеќето филмофили ќе се сетат на неа и во улогата на Далила од „Самсон и Далила“.

Филмското дејство раскажува за една млада жена која го остава својот импотентен сопруг и се впушта во страсна романса со млад инженер. Нивниот романтичен однос доведе до она што денес се смета за прва вистинска секс сцена на филм во историјата на филмот, пишува Vulture.

Иако сцената со оргазам воопшто не прикажува голотија, таа е присутна во целиот филм. Сцени со оргазам не беа единствените кои беа соблазнувачки и скандалозни во рамки на филмот во тој период. Тогаш и капењето без облека било прилично скандалозно. O tempora, о mores!


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top