Славни

„Лажел други жени дека сме имале секс за да ги одведе в кревет“


Славната холивудска ѕвезда Гвинет Палтроу е една од жените кои непосредно го искусиле манијачкиот однос и злоупотребувачки порав на сексуалниот предатор, продуцентот Харви Вајнстин, но успеала да се спаси од паѓањето во неговата мрежа.

Тие двајца никогаш немале сексуални односи, но Палтроу неодамна открила дека Вајнстин го користел нејзиното име за да намами други жени да спијат со него.

„Тој не е првата личност која лажела дека спиела со некого, но тој го користел тоа како оружје за друго сексуално малтретирање“, изјави Палтроу.

Актерката зборувала со неколку жени кои имале вознемирувачки ситуации со Вајнстин и дознала дека тој ги убедувал на секс со него со изговор дека и Гвинет го направила истото. Една од жените дури видела фотографии од актерката во собата на продуцентот.

Кариерата на Вајнстин тргна кон удолница откако Times и Тhe New Yorker ја објавија веста дека со години сексуално малтретирал и силувал жени, и никој не можел да му се спротивстави бидејќи жртвите се плашеле дека ќе им го уништи животот и кариерата во Холивуд.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top