Латас и адвокатката не сакаат да бидат снимани во судницата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По барање на адвокатката на новинарот и уредник Драган Павловиќ – Латас, судот не дозволи снимателите во судницата да направат инсерти, иако имаа уредна дозвола.

Судијката Софче Гаврилова Ефремова одлучи да им го одобри барањето, со што беше дозволено снимање само на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тотал“ е обвинет новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас заедно со три фирми: „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, во кои тој се јавува како сопственик или управител.

Според обвинението, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава.