Кутињо му порача на Ливерпул: Не играм повеќе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо повторно се наоѓа во центарот на трансфер шпекулациите, па се чини дека го гледаме истото сценарио како минатото лето.

Не е тајна дека Барселона веќе неколку месеци се обидува да го донесе Кутињо на „Камп Ноу“, но Ливерпул не сака да се откаже од својата најголема ѕвезда. Бразилецот вчера не играше против Барнли, што додатно ги засили шпекуалциите дека сака да се пресели во Барселона.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека 26-годишниот Бразилец нема повеќе желба да игра за Ливерпул и дека не сака да го испушти и овој „воз“ за Барселона.

Наводно Кутињо му порачал на раководството на Ливерпул дека не сака да игра додека не се реши неговиот трансфер.

„Мудо Депортиво“ денес објави дека Барселона спрема понуда од 110 милиони евра, плус 40 милиони како бонуси и се оптимисти дека трансферот ќе се реализира на почетокот од наредната недела.