Екстра

Купете си државјанство за пацифичкиот рај, слободно патувајте и плаќајте минимални даноци


Ако државата во која живеете ви е досадно место и сакате нова дразба и авантура и сте во потрага по нов дом, опција ви е и преселбата на пацифичкиот остров Вануату.

Таму нема да ви бараат ниту виза, ниту било каков друг обврзувачки документ од таков карактер, туку „само“ 200.000 долари, за колку што и официјално можете да си купите државјанство од Вануату.

Оваа држава, помалку или повеќе, е непозната за сите, а сместена е во јужниот дел од Тихиот океан. Позната е по своите прекрасни плажи, старата култура, оддалечените острови и местата за нуркање. Вануату се состои од вкупно 83 острови, од кои 65 се ненаселени, а најблискиот континент, Австралија, е оддалечен 1.750 километри.

Архипелагот е со вулканско потекло и таму владее тропска клима, па доколку си купите тамошно државјанство, таму девет месеци ќе уживате во топлото и убаво време, додека три месеци ќе морате некако да ги истуркате пониските, но не прениски, температури.

Она што дополнително е интересно кај купувањето на државјанство е фактот дека не сте обврзани да платите само со кеш или со картичка, туку Вануату прифаќа и плаќање со најпознатата криптовалута Биткоин.

Вануату, инаку, е земја членка на Комонвелтот, сојуз чии членки, горе долу сите, се некогашни британски колонии. Државјанството ќе ви овозможи патување без виза во 113 различни земји, а ќе уживате и во ниските даноци. Најдобро од сè е дека не ни мора да живеете во Вануату, доволно е само да си купите пасош.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top