Купете календар од Центарот за Даунов синдром и финансиски поддржете ја оваа организација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Центарот за Даунов синдром (ДСЦ) изработи календари за 2017, а со продажба го дополнува буџетот на организацијата.

Ѕвезди на календарот се децата со Даунов синдром, а автор на фотосесијата е реномираниот фоторепортер Огнен Теофиловски.

„Ако сакате да придонесете за збогатување на содржините и програмите на Центарот, да се вклучите во нашите напори да го разубавиме секојдневието на лицата со Даунов синдром, можете да помогнете на повеќе начини, а еден од нив е да купите некои од нашите производи. Овие донации нам многу ни значат за да продолжиме активно да креираме можности за интеграција, развој и дружба на и со лицата со Даунов синдром“, велат од ДСЦ.

Календарот чини 150 денари, а Центарот нуди и новогодишни честитки, бележници за читање и изработки од камен и дрво произведени на редовните креативни работилници, како и плетени и хеклани украси и накит изработени од Елизабета Петковска, која на овој начин заработува за да си ја оствари животната желба да оди во Турција.

Календарот и другите производи се прoдаваат во кафеата „Јавна соба“ и „Концепт 37“, во книжарницата „Матица“, во „Витрум студио“ и козметика „Темов“  во Скопје и директно во ДСЦ.