Ќулавкова: Со овој закон се воведува јазична диктатура на албанскиот јазик во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Законот за јазиците не обезбедува јазични права на Албанците, оти сите јазични права тие ги добија со Законот од 2008, смета академик Катица Ќулавкова.

Во реакцијата на неделовничкото донесување на противуставниот Закон за употребата на јазиците, таа предупредува дека овој Закон ги укинува македонските јазични права и воведува јазична диктатура на албанскиот во Македонија.

„Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава, нација и демократија“, напиша Ќулавкова на Фејсбук.