Кривични пријави за четворицата арачиновци кои претепаа момче од Визбегово


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство е поднесена против тројца 15годишни момчиња и едно 14годишно момче од скопското село Арачиново.

Тие се осомничени дека на 29 септември минатата година околу 12 часот во населбата Автокоманда физички нападнале 17годишно момче од селото Визбегово.

Го удирале со раце и нозе по телото и главата, при што му нанеле тешка телесна повреда, а предизвикале чувство на страв и несигурност кај 15годишно момче од Визбегово и други учесници кои исплашени за нивната сигурност побегнале од местото на настанот.