Кривична за лекарот кој измачуваше кученце врзано за неговиот автомобил


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поднесена е кривична пријава против докторот од Струмица кој влечеше куче врзано за кола. 61-годишниот доктор Зелеников ќе одговара за „мачење животни“.

Случајот го обелодени во јавност здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Кутрето, кое за среќа преживеа, нов топол дом. Лаки конечно ќе може да ужива во рацете на добри луѓе, пренесува Струмица денес

Според видеото споделено со медиумите, осомничениот го влече кучето врзано за синџир со кола во движење. Според полицијата настанот се случил во понеделникот.

„Пријавениот од с.Борисово до продавнца во с.Мокриево, со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото, и додека го управувал возилото го влечел животното“, велат од МВР.