Екстра

Креативно и еколошки: Од три контејнери и направи фантастична куќа со импресивен ентериер


Рециклирањето во изминатата година стана доста популарно. Тој тренд се задржа и во градежништвото, каде дизајнерите и архитектите од разни стари материјали прават нови импресивни работи.

Најдобар пример за тоа е модерната куќа чија основа се состои од три транспортни контејнери. За изградба на оваа импресивна куќа се користени еколошки прифатливи материјали кои во целост можат да се рециклираат.

Куќата има и фотонапонски систем, како и систем за собирање дождовница и користење на истата. Потрошувачката енергија е за 50% помала отколку во другите модерни куќи, а внатрешноста е отворена и  преплавена со природна светлина, уредена во бела боја и минималистички скандинавски стил.

На првиот кат се трпезаријата и кујната, а ѕидовите во поголем дел се заменети со прозори кои ги поврзуваат внатрешноста и надворешниот дел од куќата. Спојот на куќата со околината е одлика на скандинавскиот стил, така што површината на земјата се наоѓа на исто ниво како и куќата.

Собите не се одвоени со врати и целото просторно уредување е базирано на отворен концепт на живеење. Вкупно има 4 спални собир, работна соба и детска соба. Големиот прозор има две намени, донесува повеќе светлина во просторијата и ви овозможува да ги пазите децата додека си играат.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top