Креативна мајка: Во 25 брутално искрени илустрации покажа како е да имаш деца


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некои се убедени дека најтешките служби и одговорни функции на светот се претседател, премиер, директор на голема компанија и слично, но Натали Џомард дефинитивно не се согласува со тоа.

Според оваа француска уметница, на светот нема ништо потешко од предизвикот да одгледаш дете, па тој свој став сосема веродостојно и креативно го пренесе преку болни и брутално искрени илустрации како доказ за тоа.

Од огромните телесни промени, до моментот да не можеш на раат да отидеш ни во бања или WC, Натали во своите илустрации вклучи повеќе моменти од борбата на жените за време на неколку фази од мајчинството, кои навистина ќе ви ги отворат очите за реалноста на мајчинските премрежја кои ги поминува секоја жена низ најодговорниот, но и најблагороден родителски повик.

Првото доење е незаборавно

Не можеш да најдеш мир ниту во тоалет

Ништо повеќе не ти одговара од облеката

Ах, тие слатки утра во викендите кога твоето се буди во 5 наутро

Пробуваш да се однесуваш како сè да е во ред кога детето ти го прави ова

Кога советите од книгите повеќе не функционираат, пробуваш да најдеш свои методи

Интимноста помеѓу тебе и твојот партнер станува исклучок, а не правило

Никогаш не можеш да го замислиш хаосот кој може да го направи едно бебе

И никој не ти кажал дека најдобрите играчки за твоето бебе секој ден се различни обични предмети

Не им е грижа за твоите болки

Ќе станеш професионален жонглер и ќе можеш да носиш по сто предмети одеднаш

Никој не може да те подготви за носењето бикини прв пат после породувањето

Сигурноста дека твоето дете е заштитено од Сонцето е многу важна

Планираниот тренинг никогаш не испаѓа како што си очекувала

Хранењето на твоето дете и двајцата ве остава исфрустрирани

Стануваш експерт за правење повеќе работи во исто време, постојано балансирајќи помеѓу работата и мајчинството

Секоја работа која вклучува допирање на твоите стапала е невозможна

Принудена си да јадеш брокула и спанач секој ден, иако ги мразиш, за да оставиш добар пример кај децата

Обидот да работиш иако си преморена се претвора во секојдневие

Секогаш можеш да сметаш дека ќе си ги најдеш своите вредни предмети на најнеочекуваните места

Секогаш бараш одговори во секоја можна книга

Постојано имаш чувство на подуеност како балон

Не знаеш што да правиш кога ќе умре миленичето од твоето дете

Обидите да одржиш авторитет во куќата никогаш не се лесни

Кога прв пат треба да му смениш пелена на твоето дете, пробуваш да прочиташ сè за тоа за полесно да го направиш