Краток тест со кој лесно можете да си ја проверите здравствената состојба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Потребно е многу малку време за да откриете во каква здравствена состојба сте. Со помош на овие шест кратки тестови ќе може да ги воочите пораките кои ви ги праќа вашето тело и на време да се консултирате со доктор, со цел да го решите проблемот.

Белките на очите

Застанете пред огледало и погледнете ги добро вашите очи. Ако наеднаш имаат некоја жолтеникава боја, можно е да сте биле предолго изложени на сонце без очила за сонце. Ако жолтилото не помине само од себе, посетете доктор со цел да ја исклучете можноста за проблеми со црниот дроб.

Црвените очи може да бидат симптом на многу други проблеми, од алергии до инфекции. Потребно е да го разликувате краткотрајното црвенило кое се појавува на пример при иритација поради паднати трепки или поради повеќечасовно седење пред компјутер и долготрајното црвенило кое не престанува со денови. Тоа може да биде симптом на алергија или инфекција и во тој случај треба да посетите офталмолог.

Издржливост

Недостатокот на физичка активност му штети на нашето тело и долгорочно може да биде причина за разни хронични болести. Својата сила и издржливост може да ја тестирате на едноставен начин. Качувајте се по скалилата на вториот кат од зграда или куќа. Ако многу сте се умориле, испотиле дури и здивот сте го изгубиле, тоа значи дека имате многу слаба кондиција, а можеби и проблеми со хормоните на тироидната жлезда, кои мора да ги проверите.

Половина

Познато е дека дебелината на специфични делови од телото може да биде опасна. Луѓето кои вишок килограмите им се на половината, а не на задникот, бутовите и другите места на телото, имаат поголеми шанси за развој на болести на срцето, дијабетес и висок крвен притисок. Измерете ја големината на вашата половина и ако е поголема од 90см, тоа значи дека е време за вежбање и диета.

Кожа

Сувата кожа, особено по туширањето е непријатен проблем, но и предупредување дека на вашето тело нешто му фали. Тестирајте ја кожата на тој начин што ќе ја изгребете со нокот на подлактницата. Ако под нокотот ви останат остатоци од кожата или ако имате многу видлив траг на гребење, тоа значи дека на вашата кожа и треба хидратација однадвор, но и однатре.

Бемки

Задолжително следете ја состојбата на своите бемки, особено оние поголемите и поизразените. За скенирање на целото тело не ви треба многу време, само застанете пред огледало и погледнете ги. Промените на бемките, црвенило, чешање, крвавење и нагло растење се често симптоми на бениген тумор кои завршуваат само со отстранување на бемката, но може да се и предупредување за посериозни проблеми, при што ќе треба да се обратите на дерматолог.

Урина и столица

Кога ќе извршите нужда, немојте да се срамите да погледнете во WC шолјата, бидејќи така може многу да дознаете за своето здравје. Здравата урина е бистра и со светло жолта боја. Темната и матна урина пред сè е знак дека не пиете доволно течности. Ако забележите крв, тоа е знак за уринарна инфекција или воспаление на бубрезите. Во тој случај веднаш посетете доктор.

Ако јадете храна богата со железо (цвекло, спанаќ, боровница, капини) вашата столица може да биде со потемна боја. Сепак, ако не сте консумирале таква храна, а сте забележале дека ви е темна дури и црна, посетете доктор и тестирајте ја вашата столица. Можеби имате внатрешни хемороиди или полипи, кои треба да ги излекувате.