„Кралот“ Џејмс го пропушта стартот на сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс заработи повреда на глуждот на левата нога и за него предсезоната е завршена.

Кливленд соопшти дека тој нема да биде во тимот за натпреварот со Орландо, кој се игра в петок и кој за вицешампионите ќе биде генерална проба пред почетокот на новата сезона. Исто така, неизвесен е неговиот настап и на првиот дуел во новата сезона против Бостон на 17 октомври.

Џејмс одигра само еден од досегашните четири натпревари на Кливленд во претсезоната. Во поразот од Чикаго 108:94 пред два дена тој имаше учинок од 17 поени, пет скока, три асистенции и по една блокада и украдена топка.