Крај на сагата: Јаја Туре му се извини на Гвардиола!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јаја Туре беше надвор од тимот на Манчестер Сити, откако неговиот агент јавно во неколку наврати го нападна Пеп Гвардиола и неговите одлуки.

Каталонскиот стратег изјави дека Јаја Туре ќе биде надвор од тимот и нема да игра се додека јавно не се извини, па после цели три месеци африканскиот фудбалер се одлучи на таков чекор.

„Сакам да се извинам во свое, но и во име на оние кои ме претставуваат, на целиот тим и на менаџментот поради недоразбирањата во минатото. Изјавите кои се кажани не го претставуваат моето мислење за клубот и луѓето кои работат во него. Не чувствувам ништо друго освем голема почит кон Манчестер Сиит и сакам се најдобро за овој клуб. Горд сум што голем дел од кариерата ја поминав пишувајќи ја историјата на овој клуб и сакам и понатаму да му помагам на Сити да бележи успеси. Живеам за тоа да играм фудбал и да ги правам навивачите среќни. Затоа им благодарам на пораките за поддршка во тешкиот период. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство“, порача Јаја Туре на својот официјален Фејсбук профил.

После ваквото јавно извинување се очекува Гвардиола да го врати фудбалерот во првиот тим, а дали ќе му даде шанса за настап останува да видиме.