Крај на една импресивна кариера: Тројниот оскаровец се повлекува од актерството


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оскаровецот Даниел Деј-Луис, кој глумеше во култни филмови од рангот на „Во името на таткото“, „Бандите на Њујорк“ и „Последниот Мохиканец“, одлучи да замине во пензија.

60-годишниот актер објави соопштение во кое открива дека веќе нема да работи во светот на актерството, а причините за оваа негова одлука се од лична природа. Изрази неизмерна благодарност до сите соработници и публиката која го поддржувала сите овие години.

Деј-Луис освои три Оскари за најдобар актер и тоа за улогите во „Моето лево стапало“, „Ќе падне крв“ и „Линколн“. Неговата претставничка Лесли Дарт изјави дека тој повеќе нема да ја коментира оваа одлука.

Во светот на актерството влезе како тинејџер во 1971 година, појавувајќи се во филмот „Недела, крвава недела“. Првиот Оскар го доби во 1990 година кога го глумеше ликот на Кристи Браун, инвалид во количка, во филмот „Моето лево стапало“.

Потоа следуваа филмови како „Последниот Мохиканец“, „Во името на таткото“, „Боксер“ и „Бандите од Њујорк“.

Вториот Оскар го доби во 2008 година за улогата на Даниел Плејнвју во филмот „Ќе падне крв“, а третиот за улогата на американскиот претседател Абрахам Линколн во „Линколн“.