Коските пронајдени на Никумароро се НЕЈЗИНИ: Решена 80-годишната мистерија?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Коските пронајдени на тихоокеанскиот остров Никумароро се докажа дека припаѓаат на легендарната пилотката Амелија Ерхарт, е заклучокот на експертите после извршените форензички анализи на останките.

Ова смело тврдење објавено во списанието „Форензичка антропологија“ би требало да стави крај на неколкудецениската мистерија за исчезнувањето на славната пилотка.

„Сѐ додека не се појават конечни заклучоци дека најдените коски не ѝ припаѓаат на Ерхарт, ќе сметаме дека најдените коски се нејзини“, стои во извештајот.

Коските беа најдени во 1940 година, три години по нејзиното исчезнување. Заедно со коските беа најдени и женски обувки, навигациски инструмент каков што користел нејзиниот навигатор Фред Нунан кој заедно со неа исчезна за време на летот над Тихиот Океан во 1937 година.

Кога беа најдени остатоците, се сметаше дека ѝ припаѓаат на Ерхарт. Така беше сѐ додека доктор Дејвид В. Хадлс од Фиџи не заклучи дека коките се од машко тело. Најновите истражувања покажаа дека Хадлс погрешил.

„Форензичката антропологија не беше толку развиена во почетокот на 20 век“, се наведува во извештајот.

Професор Ричард Јанц од Универзитетот во Тенеси користеше современи методи, вклучувајќи ја компјутерската програма што прави проценка на полот, растот и генетскиот состав на примероците.

Јанц добиените резултати ги споредил со податоци што ги добил од проучување на фотографии и облеката на Амелија Ерхарт.

Зклучоците покажале дека има повеќе поклопувања со Амелија отколку со 99% од луѓето вклучени во истражувањето.

„Дури и да не се на Амелија, остатоците припаѓаат на жена многу слична на неа“, рече тој.

Јанц заклучи дека Ерхарт починала за кратко време откако нејзиниот авион паднал на островот.