Конте го „распарчува“ Јувентус – спреми 100 милиони фунти за две ѕвезди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот шампион Челзи е силно зиантересиран за двајца фудбери на Јувентус, левиот бек Алекс Сандро и дефанзивецот Леонардо Бонучи и нема да жали пари да ги донесе на „Стенфорд Бриџ“ ова лето.

Челзи сеуште нема донесено ниту едно засилување, но раководството му одобри на Конте буџет од 250 милиони евра, па „сините“ наскоро ќе направат „бум“ на трансфер пазарот.

Денешното издание на „Сан“ пренесува дека двата клуба веќе започнале преговори за трансферит, а „сините“ веќе спремиле понуда од неверојатни 100 милиони фунти.

Наводно Бразилецот Алекс Сандро самиот побарал од раководството на „старата дама“ да му дозволи да се пресели во Премиер лигата, па „бјанконерите“ се спремни да му ја исполнат желбата и веќе бараат негова замена.

За неговата слобода англискиот шампион бара 60 милиони евра, сума која Челзи е спремен да ја плати.

Што се однесува до Бонучи, Јувентус ќе се обиде со сите сили да го задржи во Торино, а италијанските медиуми пишуваат дека и тој размуслува за промена на средината, но сеуште не донесол конечна одлука.

Доколку не успее да го комплетира трансферот на Леонардо Бонучи, Челзи ќе се сврти кон ангажман на Вирџил ван Дијк од Саутемптон чија цена е исто така 60 милиони евра.