Конте бил и ќе биде џентлмен – Челзи го депортираше Мидлзброу во втора лига


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повторно тешки времиња за екипата на Мидлзброу. По четврт пат откако е основана Премиер лигата, Лавовите од Северен Јоркшир мораат да ги пакуваат куферите и да се преселат во второлигашкото друштво. И тоа само една година и еден ден откако обезбедија враќање во елитата на англискиот фудбал. А Конте ги покажа своите џентлменски манири во вистински спортски дух.

Челзи беше преголем залак за играчите на Мидлзброу. На крајот беа буквално сомлени од ударите на фудбалската машинерија од Челзи, среде Стемфорд Бриџ. Овој пораз Мидлзброу го испрати во Чемпионшип натпреварувањето, а на Челзи и Антонио Конте им даде причина за големо славје, бидејќи после оваа победа веќе ја чувствуваат премиерлигашката титула под прстите.

Темпераментниот и емотивен италијански стратег спаѓа во редот на оние луѓе од теренот, па и надвор од него, кои едноставно или ги сакате или ги мразите. Средина не постои. Можете да го сакате, но и да не го сакате, но неговите џентлменски манири се факт кој мора да го почитувате.

По завршувањето на натпреварот, во моментите додека играчите на Челзи славеа, Конте му пријде на секој од играчите на Мидлзброу и на членовите од стручниот штаб и лично се ракуваше со секој од нив. А потоа отиде и до трибините каде што беа сместени навивачите на Лавовите и ги поздрави и нив со аплауз.

Конте искористи барем еден момент за да ја сподели тагата со спортскиот ривал, а тоа, пред сè, е џентлменски и господински потег кој заслужува почит и пофалба.