Спорт

Компјутерот пресмета: Вака ќе изгледа конечната табела во Премиер лигата!


Премиер лигата е сигурно една од најинетерсните и највозбудливи фудбалски лиги во светот, а оваа сезона само го потврдува тој факт.

Моментално лидер на табелата е Манчестер Сити, кој е во одлична форма, а позади него има гужва од неколку клуба со мала бодовна разлика.

Англичаните се одлучија компјутерски да пресметаат што ќе се случува до крајот на сезоната, па супер-компјутерот ја одреди конечната табела, а таа изгледа навистина интересно.

Прогнозите велат дека шампион ќе биде Манчестер Сити и тоа пред Манчестер Јунајтед и Челзи, додека на четвртото место кое води во ЛШ се најде Тотенхем.

На Ливерпул му се прогнозира 5-то место, на Арсенал 6-то, а инетерсно е што проекцијата вели дека Евертон на крајот ќе стигне до средината на табелата, односно до 9-то место.

Патници во втората англиска лига според оваа проекција би требало да бидат Вест Хем, Кристал Палас и ВБА.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top