Комисија ќе ја истражува причината за смртта на тројката бебиња кои починаа на Гинекологија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трите бебиња кои минатата недела починаа на Клиниката за гинекологија биле со белодробни проблеми, а за другите смртни случаи формирани се комисии кои ќе утврдат дали се работи за лекарска грешка, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Според првичните резултати, Таравари изјави дека бебето од Струга починало поради вродено заболување, а трите новороденчиња имале белодробно заболување.

„Формирана е комисија во Министерството за здравство и ги чекаме резултатите од обдукцијата за починатото дете од Охрид. Имаме и извештај од дежурниот лекар. Ако има лекарска грешка за смртта на двегодишното девојче во Охрид, некој ќе мора да одговара. Ќе ги почекаме резултатите од обдукцијата и јас ќе инсистирам, доколку резултатите покажат дека се работи за лекарска грешка, да има одговорност. А за случајот во Струга, ќе ви кажам дека не можам јас да одговарам за сите што ќе починат, односно тоа се случува кај деца што имаат вродени заболувања. Детето починало дома и тука мислам дека случајот е јасен“, изјави Таравари.

За случајот со смртта на трите бебиња кои починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, министерот одговори дека и за овој случај е формирана комисија и дека резултатите од обдукцијата ќе ѝ бидат достапни на јавноста.

„Сите три деца имале белодробни проблеми и причина за нивната смрт не се инкубаторите. Имало слободни инкубатори и сите три бебиња биле во инкубатори. Но, би сакал да ги почекаме официјалните извештаи од обдукцијата кои ќе ви бидат достапни“, рече Таравари.