Коментар: „За „левицата“ слободниот пазар и доброволната интеракција меѓу луѓето се најтемно зло против кое се борат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


1319F784E6A9974B8938B14DFF7D42CDСлободата за нив НЕ Е отсуство на принуда/присила како што е тоа случај кај либертаријанците; за левицата, слободата е отсуство на одговорност за самиот себеси, односно препуштање на човековите потреби на државната апаратура која доходот го дели егалитарно, на сите подеднакво. Според нив, слободата претставува систематско претворање на човековите потреби во ПРАВА кои подоцна се преточуваат во закони позади кои стои ПРИСИЛБАТА на државниот апарат, на власта. Се она што човекот не сака или е неспособен да го заработи, заедницата го прогласува за ПРАВО кое понатаму мора да биде законски спроведено на дело. Заедницата е должна да ги исполнува потребите на сите, што според социјалистичката легислатива значи „почитување на права“. Така функционира егалитарната шема во која секој секому е слуга и во која продуктивноста СЕКОГАШ бележи пад.

Тоа не е никаква слобода!

Тоа е редистрибутивен систем кој на крајот комплетно ја убива продуктивноста на економски план. На граѓански план, општествените појави не се изучуваат компаративно, туку пристрасно. Државните образовни установи ги воспитуваат децата во еден рурално-пролетерски дух, според кој колективитетот е поважен од поединецот. Во училиште учат дека мора да бидат СОЛИДАРНИ во секој поглед со остатокот на колективитетот, да бидат лојални, да бидат борци. Учат дека нивниот личен живот, успехот и комодитет се гревови, дека аскетизмот и „општата култура“ се најголеми доблести.

Таа колективистичка матрица е присутна и кај десната политичка опција! И тие знаат да влезат во револуционерен занес во потрага по колективистички идеали,ама од национален, не секогаш од социјален агол.

Второ, нема никакво ребрендирање на левицата, туку само нова терминологија на принципите кои еднаш веќе го опустошија поранешниот социјалистички комонвелт! Па така, наместо САМОУПРАВУВАЊЕ, денес се користи терминот ЕКОНОМСКА ДЕМОКРАТИЈА. Некогашниот принцип на донесување деловни одлуки во кој учествувале СИТЕ вработени во една компанија, сега има ново име, наместо самоуправување, сега е „економска демократија“.

Принципот е ист… се убива институцијата приватна сопственост, така што со вашиот имот повторно управува некој друг кој е назначен од социјалистичката држава, а не вие самите.

Нема НИКАКВА промена во левичарското изопачено толкување на слободата. Нивниот механизам кој води кон ропство (на прекрасен начин опишан од Хајек) е истиот, само надограден со нови пароли и термини.

Пишува: Виктор Трифуновски