Коментар: Не може да имате и социјална држава и отворени граници!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Другарице и другови, не може да имате, ем отворени граници, ем социјална држава. Едното го ништи другото! Ако некој не верува, нека ми објасни кој е лимитот на социјалци кои Германија е должна да ги издржува…10 милиони, 50 милиони, 100 милиони, милијарда…? Некаде мора да има крај, а крајот не е во затворањето на границите, туку во укинувањето на социјалните пакети.

Сите европски огради кои ги пцуете, се последица на социјалната политика и нејзините ограничени ресурси. Виктор Орбан, кој до вчера беше анти-глобалистичка ѕвезда, е токму најголемиот шампион во зголемувањето на социјалните пакети и оградите истовремено. Ништо поразличен не е ниту неговиот колега од Словенија.

Се разбира, примери има и многу подобри. САД е комплетно населена од мигранти, ама Италијаните, Ирците и Полјаците во Њујорк НЕ биле пречекувани со ќебиња и сендвичи, а за прифатни центри и гага живеачка да не зборуваме. Рајата која се истоварала во новата држава отаде Атлантик, морала да научи јазик, да го прифати новиот вредносен систем, да се здобие со профсионални навики. На тој начин се зголемувал животниост стандард, додека луѓето се натурализирале во новата средина…па станувале Американци, и со тапија, и во душа.

Но, социјалната држава ги убива ваквите процеси. Рајата која денес навира на Запад, а и во последиве денеции, ретко има амбиции да се натурализира во новата средина. Добивајки обемни социјални пакети, кров над глава, и низа други „бесплатни“ поволности, луѓево застанати во ред немаат никаква потреба ниту од локалниот јазик, ниту од локалниот вредносен систем кој стои позади високиот животен стандард.

„Социјалниот минимум“ според социјалистите од Запад, е незамислив луксуз за вукојебините од Блискиот Исток и Африка. Па така имигрантите во Европа, континуирано создавале и создаваат свои мали Кандахари и Палестини, кои се финансираат од европските социјални држави, а каде се повеќе владеат примитивните племенски принципи од каде рајата се довлечкала.

Се додека постои државната социјална „благосостојба“ се дотогаш состојбата во Европа ќе се влошува. На крајот на краиштата, социјализмот одсекогаш се бранел со нехумани методи, почнувајки од „Револуцијата“ на Ленин, завршувајки со бодликавите жици на ЕУ.

Пишува: Виктор Трифуновски, претседател на ЛК Атлас