Актуелно

Колоски: Новите отстапки кон Грција се шлаканица за сите Македонци


Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Колоски во свое видео обраќање на Фејсбук се јави со реакција за последните две одлуки на македонската Влада, со кои беа преименувани автопатот кон Грција и меѓународниот аеродром во Скопје.

Колоски вели дека Македонците направиле многубројни отстапки за да ја задоволат Грција и грчкиот народ.

Slap in the Face for all Macedonians

In a new video today, United Macedonian Diaspora President Meto Koloski – Мето Колоски discusses the concessions #Macedonia has made to appease #Greece and the #Greek people, while #Greece has made zilch concessions to #Macedonia.Join the We Are Macedonia global movement today! #WeAreMacedonia

Posted by United Macedonian Diaspora on Dienstag, 6. Februar 2018

„Првата отстапка беше направена кога Македонија беше примена во Обединетите нации под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ која трае веќе 25 години. Втората отстапка беше кога седна на иста маса со Грција за да го „реши“ грчкиот проблем со името на нашата држава и ја заедно беше потпишана Времената спогодба, која грчкиот парламент никогаш не ја ратификуваше“, вели Колоски. Третата отстапка е кога државата го дополни Уставот со два амандмани, дека Македонија нема територијални претензии кон никој од нејзините соседи, вклучувајќи ја и Грција и дека државата нема да се бори за човековите права на нејзиниот народ во соседните држави, вклучувајќи ја и Грција“, рече претседателот на ОМД.

Со цел да биде повлечено економското ембарго кое Грција го воведе кон македонската држава, Македонија мораше да го смени и своето знаме, па така беше направена и четвртата отстапка кон нашиот јужен сосед, додава Колоски.

„Денес, премиерот Заев најави дека направиле две нови отстапки кон Грција: аеродромот доби ново име „Меѓународен аеродром Скопје“, а автопатот кој води до Грција ќе се вика „Пријателство“. Ова е шамар врз лицето на сите Македонци кои се бореа и загинаа за слободна, суверена и независна Македонија. Кое пријателство и кои отстапки ѝ ги понуди Грција на Македонија? Дали ќе го преименува нејзиниот втор по големина аеродром од „Македонија“ во нешто друго? Дали ќе ѝ дозволи на Македонија да се зачлени во НАТО и ЕУ? Грција не направи ниедна отстапка кон Македонија и македонскиот народ“, вели претседателот на Обединетата македонска дијаспора.

Како што додава во своето видео обраќање, Македонија е признаена под уставното име од 137 држави.

„Ние сме Македонија и сме дел од меѓународната заедница. НАТО, ЕУ и Грција мора да го прифатат тоа. Нема да го промениме нашето име, нема да го промениме нашиот идентитет и нашиот јазик само за да ја задоволиме Грција или грчкиот народ. Тие мора да го прифатат тој факт, ако сакаат да бидат пријатели со Македонија и македонскиот народ“, посочува претседателот на Обединетата македонска дијаспора.

Тој ги повика сите Македонци да се приклучат на глобалното движење We Are Macedonia, да присуствуваат на многуте протести кои се одржуваат во различни страни на светот: Австралија, Канада, САД, Европа и Македонија и да ја потпишат петицијата #WeAreMacedonia.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top