Колку ја зголемуваме телесната тежина за време на Божиќните празници?

Божиќните празници

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Божиќните празници за многу од нас се најубавото време од годината, но и она во кое ставаме некој килограм „повеќе“. Главна причина за тоа е секако полните трпези, и „пристојната“ количина на алкохол.

Вкусните ручеци и вечери го прават своето

Сите знаат дека во овој период лесно и скоро секогаш се зголемува телесната тежина, но знаете ли колку се дебелееме за време на овие празници?

Неодамнешното истражување дошло до интересен податок. Просечно во 10 дена после Божиќ, потешки сме за 0.6% од телесната тежина. Звучи малку? На прв поглед да, но истражувањето тврди дека до наредното лето се губи само половина од додадената тежина.

Како главен фактор кој влијае врз зголемувањето на тежината се обилните ручеци и вечери, но и алкохолот кој е доста калоричен. Во просек на ден се добива дури и до неверојатни 6.000 калории, а мал број од нив се трошат.

Па за претстојните празници, празмислете добро што се ќе изедете. Во секој случај, не е задолжително да се изеде целото јадење.