Спорт

Коке заканувачки до „Кралевите“: Еднаш ве „решивме“ со 4:0!


Коке, еден од најдобрите фудбалерите на Атлетико Мадрид смета дека сè уште ништо не е решено и верува во победа и пласман во финалето.

„Јорганџиите” утре го пречекуваат градскиот ривал во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите и ги очекува тешка задача да надополнат три гола разлика од првата средба.

Атлетико веќе еднаш го победи Реал со 4:0, а тоа се случи во февруари 2015 година во натпревар од шпанската Примера.

„Ние веќе еднаш ги победивме со 4:0 на Висенте Калдерон и тогаш за нив настапуваше Кристијано Роналдо. Никогаш ништо не се знае во фудбалот, а тоа најдобро го почувствува ПСЖ. Ќе продолжиме да се бориме”- изјави  Коке.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top