Кој, ако не Арапите: Најадреналинското „летање“ на светот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдолгиот „зиплајн“ на светот е монтиран на врвот од Џебел Џаис планината во Обединетите Арапски Емирати.

Линијата е долга 2,8 километри, што е еднакво на 28 фудбалски терени. Зиплајнот е поставен на највисокиот врв во државата, на планината Џебел Џаис (1.934 метри надморска височина), а на него се постигнува брзина од неверојатно 150 километри на час.

Оваа атракција се наоѓа на северот на ОАЕ покрај границата со Оман и властите се надеваат едка ќе успеат да „украдат“ од туристите кои ги посетуваат Абу Даби и Дубаи.

Според проценките оваа атракција годишно ќе ја посетуваат 100 илјади туристи, а за да се возите ќе мора да бидете високи најмалку 1,22 метри и не смеете да бидете потешки од 150 килограми.