Kога синчето е поголем фраер од тато – синот од Трухиљо свири со Корн и е хит фаца


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Металската „семка“ во генот не е играчка, а доказ за таа наследна дразба се Роберт Трухиљо, басистот на култните Металика, и неговиот 12-годишен син Тај Трухиљо, кој моментално настапува со еднакво славните Корн.

Корн следната недела тргнуваат на турнеја низ Јужна Америка, а на бас гитарата во нивната сценска постава нема да може да ги дружи стандардниот басист Филди. Поради тоа, тие го повикаа 12-годишниот Тај Трухиљо да го заземе неговото место како замена во ритам секцијата.

Треба да знаете неколку ствари за ова дете: Тој е син на басистот од Металика, Роберт Трухиљо и е многу, многу покул од другите деца на негова возраст, па и од многу повозрасни луѓе. Еве како таткото и синот „рокаат“ заедно на сцена.

„Филди не може да ни се придружи на оваа турнеа, но сме возбудени што ќе можеме да дрмаме со млад музичар како Тај“, пишаа Корн на својата Фејсбук страна. „Му посакуваме скоро враќање на Филди на сцената кога ќе се вратиме во САД во мај“, додадоа од бендот.