Кога ќе се напие мајсторот: Прозорот му го намести наопаку и го убедуваше дека „така треба“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сигурно барем еднаш секој имал искуство со лош мајстор кој не си ја завршил работата според договореното. Но, ова што го најде човекот од ситуацијата за која пишуваме навистина е приказна за во „верувале или не“.

Таканаречениот мајстор на човекот во помошната просторија му наместил прозорец, но не како што треба, туку сосема наопаку, така што рачката за отворање и затворање на истиот испаднала од надворешната страна.

Човекот се обиде да му објасни на запиениот мајстор дека згрешил во монтирањето и дека рачката треба да биде однатре, бидејќи „не го прави прозорот за комшиите“.

Но, „мајсторчето“ и понатаму си стоеше на својот став и тврдеше дека „така треба да биде“, па на сите начини се обиде да го убеди и газдата дека подобро му е да стои така, бидејќи во спротивно ќе треба сè да руши.

Кога газдата му спомна дека може е напиен, мајсторот откачи и почна да го вреѓа човекот.