Кога големите гради се предност во Кина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ресторанот „Тренди Шримп“ во кинеската провинција Џецанг на своите гостинки им понуди попуст на храната, кој зависи од бројот на нивниот градник, што меѓу локалното население беше оценето како вулгарно и дискриминирачки.

Лоциран во главниот трговски центар во градот Ханџу, ресторанот своето ново „правило“ го истакна на плакат на влезот во објектот.

На плакатот се објаснува висината на попустот на цените во зависоност од големината на градите, па така тој се движи од пет отсто за жените најмал број на градници, па до 65 проценти за гостинките со најголеми гради.

Постерот е повлечен по само неколку дена поради реакциите во јавноста, соопшти менаџерот на ресторанот Лен Шенгенг.

– Сепак, некои од гостите биле многу горди, велејќи дека нема што да кријат, додаде тој.