Славни

Книговодителите виновни за грешката на Оскарите ги чуваат телохранители


Двајцата книговодители кои ја направија збрката и беа одговорни за грешката при доделување на главниот Оскар за најдобро филмско остварување, добија телохранители за лична заштита поради закани со смрт кои ги примија на социјалните мрежи.

Книговодителската фирма PricewaterhouseCoopers (PwC) соопшти дека го подигна нивото на безбедност после грешката која ја направија Брајан Калинан и Марта Руиз. TMZ објави дека тие двајца стравуваат за своите животи.

Како што пренесоа од компанијата, тие нема да бидат избркани од работа, но нема веќе да работат на Оскарите. На социјалните мрежи беа објавени нивните адреси и фотографии од членовите на нивните семејства.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!