Спорт

Клоп веќе го знае противникот на ждребот: Мене секогаш ме спојуваат со нив


Ливерпул со високи 7:0 ги победи Спартак на „Енфилд“ и како првопласиран во групата ќе го чека ждребот за осминафинале.

„Црвените“ со 23 гола во 6 натпревари станаа најефикасната англиска екипа во историјата на групната фаза.

„Никој не можеше да замисли дека вечерва ќе заврши вака. За двете екипи ова беше натпревар на се или ништо. Спартак е силна екипа и тешко е да се игра против нив. Ова навистина беше една прекрасна вечер. Малку го променивме тимот, но момците беа одлични. Одбраната функционираше добро, тоа посебно ми се допадна“, истакна Клоп, а потоа ја прокоментира ждрепката.

„Не сум загрижен за тоа кој ќе го добиеме. Мене ждребот секогаш ме спојува со Реал Мадрид, ќе видиме како ќе биде сега. Немам некои фаворити, ќе биде убаво после долго време да играме во осминафинале“, заклучи Германецот.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top