Клоп: Оставете го Руни на мир, порано фудбалерите пиеја и пушеа како луди!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на Вејн Руни и истакна дека во минатото фудбалерите пиеле како ѓаволи и пушеле како луди.

Сликите од пианиот Вејн Руни се најдоа на насловната на „Сан“, по што напаѓачот беше приморан да се извини.

На денешната прес конференција Јирген Клоп беше запрашан за овој инцидент, а харизматичниот Германец како и секогаш имаше извонредна изјава.

„Се извинил поради тоа што испил некоја чашка било што? Навистина ми е жал за играчите. Сите лесно забораваат дека фудбалерите се само обични луѓе. Можам да кажам дека оваа генерација е најпрофесионалната генерација на фудбалери која сме ја виделе”, заклучи Клоп и додаде:

„Сите легенди кои ги сакате и ги обожавате, тие пиеја како ѓаволи и пушеа како луди. Но и покрај тоа беа одлични фудбалери. Сигурен дека Вејн не направил ништо сериозно. Но таков е фудбалскиот свет во кој живееме, постојано сме под лупа. За ден, два или неколку недели никој нема да зборува за ова”.