Климатските промени можат да ги разбудат: Какви болести лежат под мразот на половите?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новинарката на Би-Би-Си, Џасмин Фокс Скели во нејзиниот неодамнешен текст известува за опасностите кои што би можеле да се појават поради климатски промени, односно топењето на мразот на половите.

„Со векови против бактериите и вирусите се бориме со антибиотици, на нив тие развиваат отпорност, па тогаш бараме нови антибиотици и така се од почеток. Но што доколку наскоро се сретнеме со микроорганизми кои што одамна ги нема на нашата планета?“, пишува Скели.

„Во август 2016. година на полуостровот Јамал во сибирската тундра почина 12 годишно дете, а уште 20 други лица беа хоспитализирани поради зараза со антракс. Се верува дека таа зараза, која што потекнува од почетокот на 20. век, се појавила од леш на ирвас кој се појавил по топење на мразот и се пренел на другите ирваси кои паселе во околината“, стои во текстот.

Скели предупредува дека постои можност и други вируси и бактерии кои што се замрзнати во ладните и темни слоеви на земјата и мразот на половите да почне да се шират со топењето на мразот поради климатските промени.

„На Арктикот и околината температурите растат три пати побрзо отколку во остатокот на светот, а научниците тврдат дека можно е да се вратат опасните болести од 18. и 19. век“, вели Скели.

Во тундрите на Алјаска е пронајден недопрен вирус на шпанскиот грип од 1918. година во тунелите на масовна гробница, а се верува дека на Сибир се закопани и постојат остатоци од големи сипаници и бубонска чума, кои што со топењето на мразот може да завршат во водата за пиење.

Научниците на НАСА во 2005. година успеале да оживеат микроби од Алјаска, кои што биле замрзнати повеќе од 32 илјади години, пишува Скели, а две години подоцна успеале да оживеат и бактерија од Антарктикот стара 8 милиони години.

„Жан Мајкл Клавер од универзитетот во Марсеј во Франција тврди дека можно е да се појават вируси кои што ги напаѓале првите луѓе кои што живееле на северот, како неандерталците од пред 30-40 илјади години. Во слоевите на пермафростот се пронајдени траги на ДНК од бројни бактерии и вируси кои што се опасни за луѓето. Во февруари оваа година во Мексико се пронајдени микроби стари од 10 до 50 илјади години, а длабоко во подземјето се пронајдени и бактерии стари 4 милиони години, кои што се отпорни на 18 врсти на природни антибиотици и покрај тоа што досега не се појавени. Научниците мислат дека тоа е поради тоа што морале да се боат за опстанок во природата, па значително зајакнале и се отпорни на антибиотиците кои што човекот ги прави. Тие веруваат дека таква отпорност на антибиотици се развила и кај бактериите пронајдени на Сибир“, смета Скели.

На крајот таа заклучува дека овие организми може да не заразат, но се уште не се знае во колкава мера. Потребно е да бидеме свесни за фактите дека поради глобалното затоплување ни се закануваат повеќе болести од тие со кои што се соочуваме во моментов, како малараија или колера и треба да се фокусираме и на тие болести.