Кладба си е кладба: Манасков, Столе и Кузмановски останаа без коса! (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Maкедонија во вчерашниот натпревар против Германија одигра реми 25:25 што е одличен резултат со оглед на тоа што во новата група стартуваме како лидери како единствена репрезентација со три освоени бодови.

Токму по натпреварот против Европскиот шампион, тројцата македонски репрезентативци Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузмановски во продолжение ќе настапуваат со нови фризури.

Имено, македонските ракометари ветиле дека ќе се исшишаат на „нула“ доколку бидеме лидер во нашата група, а токму тоа и се случи.

Манасков на својот Инстаграм профил ја објави оваа фотографија и напиша: „Нова фризура! Кладба си е кладба“.