Кинезите го градат најдолгиот поморски мост на светот од 55 километри (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мостот кој е долг 55 километри и се протега меѓу Хонг Конг, Макао и градот Џухаи во континентална Кина ќе биде отворен до крајот на годинава.

Неговата изградба трае седум години и во неа се вложени 98 милијарди евра. Мостот ќе го скрати времетраењето на патувањето од 3 часа на 30 минути. Интересно е и тоа што на него ќе бидат поставени и дури 550 станици за полнење на електричните возила, сместени на вештачки остров.

Неговата конструкција е тешка 420.000 тони, а при изградбата Кинезите наидоа на бројни проблеми. За време на изградбата седуммина работници загинаа, а 129 беа повредени.

По седум години долга и напорна работа, мостот со должина од 55 километри ќе биде пуштен во употреба до крајот на оваа година, а неговата изградба чинеше 98 милијарди евра.