Ким Јонг-ун ќе тера туризам: Ѕирнете во луксузниот ски центар на Северна Кореја


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неодамна одржаниот заеднички тренинг на спортистите од Северна и Јужна Кореја, како подготовка за нивниот заеднички настап на претстојните олимписки игри кој го договорија двете држави, беше можност да се ѕирне скијалиштето во Северна Кореја кое лидерот Ким Јонг-ун планира да го промовира во луксузна спортска атракција преку која ќе развива зимски туризам.

Скијалиштето Масикрјонг е сместено во близина на градот Вонсана, родниот град на Ким. Скијачите од двете земји таму имаа заеднички тренинг, а според медиумите ова место е омилено за севернокорејскиот лидер, кој обожава скијање.

Местото е отворено во 2013 година, а опремено е со луксузна опрема, а во близина има и продавници во кои се продаваат популарни светски марки. Јужнокорејските новинари не можеа да потврдат дали станува збор за оригинали или копии.

– Голем број на туристи доаѓаат тука и покрај меѓународните санкции против Северна Кореја, вели еден од вработените.

Заедничкиот тренинг на спортистите од двете земји е дел од предлогот на Сеул за Зимските олимписки игри да бидат „Олимписки игри на мирот“.