Ким Јонг: Нашето нуклеарно оружје е застрашувачко


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун рекол дека неговото нуклеарно оружје е моќно застрашувачко средство кое го гарантира суверенитетот на државата, пренесуват локалните медиуми, неколку часа откако американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека со таа изолирана држава, алудирајќи на Северна Кореја, може да се постапува само на еден начин.

Во својот говор на централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким Јонг-ун рекол дека севернокорејското нуклеарно оружје е моќно средство за заплашување кое го штити мирот и сигурноста на корејскиот полуостров и североисточна Азија од нуклеарните закани на американските империјалисти.

Изминатите недели Сверна Кореја лансираше две ракети над Јапонија.