Нобел

Ким Дотком: Да го спречиме ова корпоративно лудило – градиме „алтернативен интернет“


Основачот на познатиот сајт Megaupload за споделување датотеки, Ким Дотком, претстави сериозен проект кој што го нарекува „алтернативен интернет“.

Тој најави дека со изградбата на алтернативниот интернет сака да постигне приватност и слобода на говорот, која што се заканува дека ќе биде загрозена со отфрлањето на законот за „Неутралност на Интернет“ во САД.

Новиот интернет нема да содржи АјПи адреси, а се што ќе биде на него ќе биде неуништиво, шифрирано и без можност за контролирање.

Според Дотком постојниот интернет е прекорпоративен, а новиот ќе работи на основа на капцитетот на стотици милиони мобилни уреди.

„Со укинување на интернет неутралноста само ќе се забрза приватизирањето на мрежата“, рече Ким Дотком и додаде дека мрежите и уредите ќе бидат спремни за четири до пет години.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top