Киднапиран либански авион – дел од патниците ослободени од киднаперите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Киднаперите на либискиот авион, кој принудно слета на Малта, се закануваат дека ќе го кренат во воздух леталото. Во меѓувреме, ослободени се дел од патниците.

На снимките на малтешката телевизија се гледа како повеќе лица се симнуваат по скалите на авионот на либиската авиокомпанија Африќија Ервејс. Премиерот на Малта Џозеф Мускат на Твитер напиша дека засега се ослободени 25 жени и деца. Инаку, во авионот вкупно имало 111 патници (82 мажи, 28 жени и 1 дете) и 7 членови на екипажот.

Ербасот на Африќија Ервејс летал на релација Сабха-Триполи кога скршнал од курсот и во 11:32 часот слета во главниот град на Малта, Валета. Портпарол на владата на Малта за германската агенција ДПА изјави дека во авионот има двајца киднапери. Тие, како што јавуваат медиумите, се заканувале дека ќе го кренат во воздух леталото. Според медиумски информации, наводно се работи за приврзаници на либискиот властодржец Моамер ел Гадафи, кој беше соборен од власт пред 5 години и убиен. Грабнувачите наводно бараат ослободување на синот на Гадафи, Саиф ал Ислам. Тој во 2015 година беше осуден на смрт со стрелање, меѓу другото и поради поттикнување убиство и силување.