Кидман, Џулиен Мур и Робин Рајт секси без шминка – излезе новиот Pirelli календар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот Pirelli календар за 2017 година, со наслов Emotional, го сработи фотографот Питер Линдберг кој со концептот и темата отиде во сосема друга насока од досегашниот дискурс за славниот календар.

1-12-pirelli-2017-kidman

Посети пет града за да фотографира моќни актерки меѓу кои и Џулиен Мур, Лупита Нјонг’о, Пенелопе Круз и Никол Кидман, сите од нив заводливи и секс пред неговиот објектив, но без грам шминка врз нив.

1-12-pirelli-2017-moore

Идејата која стои зад фотографиите беше „да се создаде календар не од совршени тела, туку од сензуалност и емоции, разголувајќи ја најскриената длабочина на душата од моделите, кои тој начин повеќе се разголени отколку што се голи“, изјави Линдберг за новинарите.

1-12-pirelli-2017-thurman

„Во време кога жените се претставени преку медиумите и насекаде како амбасадори на перфекција и младост, мислев дека е важно да ги потсетиме сите оти постои една поинаква убавина, пореална и поверодостојна, која не е манипулирана од рекламите и маркетингот или нечиј друг интерес, убавина која зборува за индивидуалноста, храброста да се биде оној што си и за личната емоционалност“, додава Линдберг.

1-12-pirelli-2017-thurman1

1-12-pirelli-2017-cruz

Комплетната постава која позираше пред објективите од Линдберг за Pirelli 2017 е: Џесика Честејн, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Руни Мара, Хелен Мирен, Џулиен Мур, Лупита Нјонг’о, Шарлот Ремплинг, Леа Сејду, Ума Турман, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Робин Рајт, Женг Зији и Анастасија Игнатова, професорка по политичка теорија на московскиот Државен универзитет за меѓународни односи.

1-12-pirelli-2017-winslet 1-12-pirelli-2017-wright

Првиот Pirelli календар излезе во 1964 година и оттогаш само четири жени стоеја зад објективите во изработка на годишните едиции од календарот. Минатата година фотографиите беа дело на Ени Лебовиц. Повеќе за Pirelli 2017 изданието, кое нормално, за нас обичните смртници не е целосно достапно на интернет (барем сè уште не), можете да најдете и разгледате ТУКА.

1-12-pirelli-2017-1