Кец по англиски за тој што ја тетовирал Ема Вотсон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната британска актерка Ема Вотсон на свеченото доделување на Оскари се појави облечена во елегантна црна тоалета без ракави и ја покажа новата тетоважа во чест на холивудското движење против сексуалното насилство.

На забавата по Оскарите многумина забележаа дека тетоважата на дваесет и седумгодишната ѕвезда од филмовите „Хари Потер“ има правописна грешка и наместо „Time’s Up“ е напишнао „Times Up“.

Актерката, која донираше милион фунти за поддршка на жртвите на сексуално насилство, не откри дали тетоважата е привремена или трајна.