Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит на хормонална терапија – сака да стане момче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шајлох Џоли Пит, ќерката на некогаш најславниот брачен пар на планетата, Анџелина и Бред, започна хормонална терапија со која планира да го промени својот пол.

Бред Пит и неколку години претходно, кај Опра Винфри, раскажуваше дека неговата ќерка сака да се облекува како момче и да си игра „машки игри“. Тој тогаш откри дека Шајлох бара од своите родители да ја викаат Џек или Питер.

Облекувањето во машки алишта за малата Шајлох не било само фаза во растењето, туку веќе начин да покаже дека отсекогаш се чувствувала како момче заробено во тело од девојче. Нејзините родители од мала ја поддржувале, па никогаш не ја терале со сила да носи фустанчиња и слични алишта за девојчиња.

Ќерката од Анџелина и Бред од најраното детство не е видена во женска облека, туку само во удобни тренерки и широки панталони, какви што носат нејзините браќа, додека за свечените прилики секогаш била облечена во костими, како оние од тато.

Кога направи 11 години, на 27 мај, 2017 година, отишла кај специјалист кој препорачал хормонална терапија и советување кое треба да биде од помош за неа, за таа да стане момче.