Ќе се продаваат на лотарија: Bolt Threads со прва серија вратоврски од пајакова свила


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Компанијата Bolt Threads го претстави својот прв производ од пајакова свила, а станува збор за ограничена серија на вратоврски. Од компанијата тврдат дека ова е првиот производ направен од пајакова свила, а неговата цена е 314 долари.

Bolt Threads до сега собрала околу 90 милиони долари за реализација на својот производ, што претставува кулминација на седумгодишно истражување на тим од десетици научници, инженери, техничари и дизајнери.

Карактеристиките на свилата што ја произведува пајакот, се два до три пати појаки од кевларот, материјалот што се користи за производство на панцири.

Ден Видмајер, Дејвис Бреслејер и Итан Мирски ја основале компанијата во 2009 година, кога сфатиле дека е можно добивање на пајаковата свила што нужно не ги вклучува пајаците.

Компаниајта комбинира генетски модифициран квасец, вода и шеќер и преку ферментација ги претвора во сирова свила.

Добиниот производ има текстура на меласа, а машина го претвора во влакна што се вткаени во платното.

Bolt Threads креираше само 50 вратоврски што ќе можат да се купат преку лотарија на страницата на компанијата од 11 до 14 март.